СУДЕЊЕТО ЗА СЛУЧАЈОТ „ТИТАНИК“ ОДЛОЖЕНО ЗА 16 АВГУСТ

//

Судењето за случајот на СЈО „Титаник“ е одложено за 16 август, бидејќи како што информира адвокатката на обвинетата Гордана Јанкулоска, Сања Алексиќ, поранешната министерка за внатрешни работи се наоѓа во болница по породувањето. Судијата Шабани објави дека обвинетата има право 45 дена да не биде повикувана на судски рочишта и го одложи судењето.

Во предметот на СЈО наречен „Титаник“, кој се однесува на злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.



Претходна статија

ФОРМИРАНА ФЕДЕРАЦИЈАТА НА СПОРТСКИ ВЕТЕРАНИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Следна статија

ОСМАНИ: СО ВАШАТА ПОСВЕТЕНОСТ ОСТАВИВТЕ ТРАЕН БЕЛЕГ И СЕ ВГРАДИВТЕ ВО ДЕНЕШНИОТ УСПЕХ НА МАКЕДОНИЈА

Најново од Вести