ПАНОС КАМЕНОС: ДОГОВОРОТ ЗА ИМЕТО МОЖЕ ДА БИДЕ ОДОБРЕН САМО ПРЕКУ РЕФЕРЕНДУМ ИЛИ ИЗБОРИ

//

Претседателот на помалиот коалициски партнер во грчката Влада – партијата „Независни Грци” (Анел), Панос Каменос, даде индикации за продлабочување на кризата во управувањето велејќи дека договорот за името на Македонија е „лош“ и може да биде одобрен само преку референдум или нови избори во земјата, објави електронското издание на грчкиот весник Катимерини. Во рамките на прес-конференција во Министерството за одбрана, на чие чело е Каменос, лидерот на „Независни Грци” беше категоричен дека „нема да дозволиме договорот да се придвижи напред без одобрение на грчкиот народ”.

„Не може да се активираат процедурите со НАТО, пред референдумот во ПЈРМ да не биде завршен и исто така ако договорот не е одобрен во грчкиот парламент “, рече Каменос за позицијата на неговата партија.



Како и претходно, Каменос предложи при гласањето на договорот за името во грчкиот парламент да се бара двотретинско, а не обично мнозинство. Инаку, „Независни Грци” ќе инсистираат на поддршка и гласање на граѓаните.
„Кога велам дека луѓето треба да бидат прашани, имам предвид тоа да се случи преку референдум или избори”, појасни Каменос.

Претходна статија

ОСМАНИ: СО ВАШАТА ПОСВЕТЕНОСТ ОСТАВИВТЕ ТРАЕН БЕЛЕГ И СЕ ВГРАДИВТЕ ВО ДЕНЕШНИОТ УСПЕХ НА МАКЕДОНИЈА

Следна статија

БУГАРИЈА ДОБИ 5-КА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО СО ЕУ

Најново од Вести