БУГАРИЈА ДОБИ 5-КА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО СО ЕУ
Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов пред европратениците во Стразбур ги претстави резултатите од претседателството на Бугарија со Советот на ЕУ. Борисов им се заблагодари на сите европски институции за нивната одлична работа во последните 6 месеци и ги издвои успесите на Бугарија во однос поставените приоритети за време на претседателстовото.
Борисов истакна дека не може да има мир и напредок додека цела Европа не се обедини. Тој подвлече дека состанокот на европските лидери во Софија одржан на 17 мај, помогнал во решавањето на долгогодишниот спор меѓу Грција и Македонија и додаде дека тоа е историски настан на кој сите треба да бидат горди.
Претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани го определи бугарското претседателство со ЕУ како успешно, а претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер му благодари на бугарскиот премиер за сработеното во изминатиот период.

