| |

ДЕСКОСКА НАЈАВИ ЕФЕКТИВНА АНТИКОРУПЦИСКА КОМИСИЈА

Министерката за правда Рената Дескоска изјави дека се работи на закон за спречување на корупцијата и нов модел на Антикорупциска комисија која ќе биде експертска, ослободена од какви било политички влијанија и која ќе има ингеренции навистина да ја врши својата работа онака како што треба. Министерката за правда истакна дека борбата со корупцијата е еден од стратешките приоритети на новата Влада и оти има повеќе инструменти во таа сфера. Таа нагласи дека судството исто така е еден од клучните фактори во борбата против корупцијата. Според неа, особено загрижувачки е доколку се утврдат појави на корупција во рамки на судството бидејќи тоа е органот кој всушност треба да се бори со корупцијата.



Слични Објави