ЗАХАРИЕВА: БУГАРИЈА ГО ПОЧНА ПОМИРУВАЊЕТО НА БАЛКАНОТ
„Треба да го материјализираме наученото“- побара шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева за време на дебатата за завршеното претседателство на Бугарија со Европската Унија. Во своето излагање таа даде посебен акцент на Договорот за добрососедство со Македонија, додавајќи дека токму интеграцијата на земјите од Западен Балкан бил еден од главните приоритети на бугарското претседателство. Захариева истакна дека со договорот меѓу Македонија и Бугарија почнал процесот за помирување на Балканот. Според неа регионот веќе почнал да гледа кон својата иднина.
Таа им упати порака на научниците кои ќе бидат вклучени во заедничката бугарско-македонска комисија за историја дека нивните барања ќе бидат земени во предвид од бугарската Влада. Нивните предлози исто така ќе бидат претставени и пред двете Влади, кои на 1 август 2017 година го потпишаа Договорот за добрососедство.