ЗЛАТО И СРЕБРО ЗА КАРПОШОВИТЕ АДМИНИСТРАТИВЦИ НА СИНДИКАЛНИТЕ ИГРИ НА ЈИЕ

/

На дванаесеттите спортско-рекреативни игри и средби на Синдикатите од Југоисточна Европа, кои се одиграа од 19 – 22 септември во Кладово, Република Србија, ученисничката од Општина Карпош Александра Велковска, го освои златниот медал во пливање, категорија краул – жени. Во едно динамично и докрај неизвесно натрепварување, Александра заедно со Кристина Николовска од Град Скопје, стигнаа први до целта, испливувајќи 36 метри, за време од 23 секунди и се закитија со златниот медал. Во натпреварувањето во пинг-понг Саша Романов, исто така од нашата локална самоуправа, и Ненад Бошев од Министерството за култура, заедно, во тандем, го освоија сребрениот медал.

Членовите на Синдикатот на работниците од Управата, правосудните органи, и здруженија на граѓани на Република Македонија ги освоија следниве медали: кошарка ( трето место), баскет-жени ( второ место), пинг-понг ( мажи) – второ место, пливање ( жени) – прво место, и шах – трето место.



Натпреварувањата се одиграа во фер и спортска атмосфера, а следните синдикални игри ќе бидат организирани од Синдикатот на управата на Република Српска, Босна и Херцеговина.

Претходна статија

АГЕНЦИЈАТА ЗА МЛАДИ И СПОРТ ЌЕ СПРОВЕДЕ ОБУКА ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Следна статија

ОД ПРВИ НОЕМВРИ БИЛЕТ ЗА ЕДНО ВОЗЕЊЕ ВО АВТОБУСИТЕ НА ЈСП

Најново од Истакнато

Нова албанофобија

Пишува: Никица Корубин За време на одморот од “одбраната на идентитетот” од Бугарите, формата се одржува