ПРЕТСЕДАТЕЛОТ РУМЕН РАДЕВ ЌЕ ЈА СВИКА ПРВАТА СЕДНИЦА НА НОВИОТ БУГАРСКИ ПАРЛАМЕНТ НА 15 АПРИЛ

//

Претседателот на Бугарија, Румен Радев ќе го свика новоизбраниот бугарски парламент на 15 април, пишува весникот „Труд“.

Според бугарскиот Устав, претседателот мора да го свика новоизбраното Национално собрание до 4 мај. Сепак, поради велигденските празници, Радев сакаше новиот парламент да започне со работа што е можно поскоро. На првото заседание, новите пратеници полагаат заклетва и официјално ја преземаат функцијата. На истиот состанок, владата на Бојко Борисов мора да поднесе оставка, но таа ќе продолжи да ги извршува своите овластувања се додека не биде избрана новата влада од новиот парламент или привремена влада биде назначена од претседателот Радев.



Претходна статија

СЗО: НЕМА СООДВЕТНИ ПОДАТОЦИ ЗА ДА СЕ ПРЕПОРАЧА КОМБИНИРАЊЕ НА ВАКЦИНИ

Следна статија

МАЛТА ЌЕ ИМ ПЛАЌА НА ТУРИСТИТЕ ПО 200 ЕВРА ЗА ДА ОСТАНАТ МИНИМУМ ПО ТРИ ДЕНА

Најново од Вести