|

(Фото) Статија од 1902 г. објавена во весник „Право“: „Политички сепаратизам“

На 7 јуни 1902 год. во весникот “Право” излегува статијата – Политички сепаратизам. Вестникот “Право” е неофицијалниот орган на Задграничното представништво на БМОРК/ТМОРО/ВМОРО, што е потврдено и во учебниците во денешна Северна Македонија. Така во лекцијата “Македонската револуционерна организација (1893-1903)” од учебникот по историја што се изучува во II-ра година (10 клас) гимназија, јасно стои дека весникот “Право” е легален орган на организацијата ТМОРО/ВМОРО. Според Пејо Јаворов, другар и биограф на Гоце Делчев, весникот “Право” ги преставувал и личните ставови на Гоце Делчев.

ТМОРО/ВМОРО сакала со идејата на политички сепаратизам, преку Автономна Македонија, да го запази българското племе цело, неразделно и сврзано со својата духовна култура, макар и политички разделено. Тоа е така, бидејќи за ТМОРО мнозинството од христијанското население во Македонија е българско и Организацијата го отфрлува од себе си и најмалото обвинување за национален сепаратизам.

Поклон пред паметта на дејците на Организацијата!

“ПОЛИТИЧКИ СЕПАРАТИЗАМ

На чело на нашиот весник стои девизата на знаменитот англиски државник Гладстон: “Македонија за Македонците”. Од долги години наваму терминот “автономија за Македонија” се носи од уста на уста. Во тие околности ние ги согледуваме симптомите за посакуваната от многумина ново меѓународна позиција на Македонија. Таа нова позиција за која што се бори нашиот весник и за чие што извојување толку трескавично се подготвува македонскиот роб, крие една политичка доктрина гледана до сега од сите само од далеку и нејасно формулирана низ принципите на автономијата.

Таа нова доктрина е “политичкиот сепаратизам”, за која што и ќе говориме во подолните редови.

Самиот термин, со кој што ние ја насловивме нашата статија, покажува еден стремеж за одделување на еден дел од некое цело. Тој дел не е никој друг, туку Македонија, а целото може да биде и идејата за Голема Бугариja, Голема Србија, Голема Грција. Тоа определение би било неполно, ако ние – поклоници на слободата и културата – не додадеме дека, не можеме да го дозволиме ниту своето денационализирање, ниту пак денационализирањето на други народи од нас. За нас јазикот, изразен во националноста, е едно од најмоќните средства за култура и напредок.

Тргнувајќи од тоа гледиште и уверени, дека мнозинството од христијанското население во Македонија е българско, ние го отфрлуваме од себе си и најмалото обвинување за некаков “национален сепаратизам”. Таков еден стремеж би бил спротивен: и на ставовите на мнозинството од македонските населенија и на идејата за слобода и култура. Нешто повеќе: таков еден стремеж би бил неморален.

Според тоа, мнозинството од македонските населенија било, е и ќе биде българско; но како такво, тоа сака да ја добие својата слобода, организирано политички во една автономна област, разделена од Бугарското Кнежество.

Таква е доктрината за политички сепаратизам.

Таа доктрина е последица на железни причини од минатото и сегашноста; таа е носителка на еден хуман принцип, кој што не нарушува туѓи права и го осветлува правото на малцинствата да живеат и да се развиваат со свој јазик и со своја националност; таа е сообразена со современото меѓународно право за Турција и за европската рамнотежа, најпосле таа доктрина го крие во себеси зародишот на идејата за Балканска конфедерација.

Врзана во најужасните робски синџири, кои што ги искова Берлинскиот конгрес, во својата борба да ги скини тие синџири, Македонија се гледа пред големата опасност да биде плен на големи и мали држави. И во таа опасност, таа не наоѓа во никого од своите куртизани помош и подршка. Малите држави на Балканскиот полуостров, без да ја осознаат својата немоќ за решавање на тоа прашање од европско значење, ги напнуваат своите сили за создавање на околности, кои што би послужиле во иднина како основа за територијални зголемувања, т.е. како основа за поделба на Македонија.

Така: Србија од 15 години наваму засилено ги троши своите државни средства за да создава прозелити таму, каде што нема свои сонародници. Грците, потпрени на привилегиите од кои што се ползува нивната патријаршија и подржани, бидејќи се малцинство од турската власт, продолжуваат со нивните напори да ги задржат останатите българи во нивните редови, за да ги претстават за грци.

Започнатата и недовршена уште афера по ракоположувањето на Архимандрит Фирмилијан, протестите на населението од Скопската епархија, отсуството на каква и да било борба од страна на месното население во полза на тоа ракоположување, упорната соработка на две дипломатии – руската и србската и најпосле дејствијата на Цариградската патријаршија по тоа прашање – сето тоа составува важен доказ за намерите на србите и грците против Македонија. Дури и Българското Кнежество, во кое што идејата за автономијата има пуштено длабоки корени, не еднаш ја користено има користено несреќната Македонија во полза на некои краткотрајни интереси, кои што ја истиснувале идејата за слободата на Македонија на заден план.

Гледајќи ја пакоста која што балканските државички ја причинуваат на македонската слобода, осознавајќи ја целосната невозможност за остварување на Голема Бугарија, македонското население одамна се има откажано од Сан Стефанскиот идеал, кој што денес е празна фраза и за неговите создавачи – русите. Над тие државички стојат други поголеми, кои што острат заби над целиот Балкански полуостров, вклучително и Македонија.

Такви се железните причини од минатото и сегашноста, во силата на кои што трезвениот ум на македонските населенија ја издигна над Санстефанска Бугарија идејата за политички сепаратизам од истата таа Бугарија. Што се однесува до идните користи на таа доктрина, тие се повеќе од една и не се од мало значење.

На прво место ќе ја ставиме гаранцијата која што малцинствата би ја имале за зачувување на нивниот јазик и народност. Првата гаранција за тоа е мнозинството, врз кое што ќе се изгради македонската слобода. Българското племе може да се пофали со својата трпеливост, бидејќи додека романци, срби и грци употребуваат разни средства за задушување на гласот на другите народности, во центарот на бугарскиот главен град се издигнати влашки училишта за турските граѓани власи, и грчка црква за незначителното количество грци, а низ целото Кнежество турските џамии и училишта добиваат државна помош и грчките владици, свештеници и учители ја проповедаат слободно елинската идеја.

Кон таа прва гаранција, која што произлегува од карактерот на българското племе се присоединува уште една, која што уште повеќе ја засилува првата, а именно: карактерот на едно автономно управување, което ќе се крепи врз мнозинството, и кое што ќе се создаде за сите населенија и со специјални гаранции за малцинството.

Така сврзани во една политичка целина, македонските населенија уште од сега ја сфаќаат важнат улога, која што се паѓа на автономна Македонија за иднината на Балканскиот полуостров. Затоа што сегашниот стремеж на балканските државички, за територијални зголемувања на сметка на Македонија се должи главно на нивните економски потреби, кои што им наложуваат излез на море.

Е добро, ако автономна Македонија осознавајќи го предимството на својата балканска мисија пред идејата за Голема Българија, осигури едно рамноправно користење на нејзините мориња од страна на соседите, тоа нема ли да рече дека ние ќе бидеме на само еден чекор оддалечени од Балканска конфедерација?

Мислата дека од едно јаболко на раздорот, каква што сега е Македонија, таа да стане една привлечна сила, околу која што ќе бидат принудени да се групираат балканските државички, и од која што ќе изникне мир и благосостојба за балканците – таа мисла е една од најискушувачките не само за луѓето со здрави и практичен ум, од каков што не се лишени македонците, туку таа може да биде искушувачка дури и за луѓе со еден нескротлив шовинизам. Својата балканска мисија македонските населенија не би ја промениле за никаква друга големо-национална идеја, затоа што последната – било која и да е таа – е само еден политички мираж и затоа што, дури и кога би можела реално да се реализира, би била изградена врз едно странско вмешување, кое што ќе заврши со подчинување на Балканците од други силни држави.

Од гледната точка на современото меѓународно право, идејата за политички сепаратизам е единствената целесообразна идеја. Со нејзиното реализирање се запазуваат: европската рамнотежа и фикцијата за целоста на Турската империја; со остварувањето на таа идеја најпосле се исполнува еден меѓународен акт, преку кој што Европа потпиша едно свое задолжение во однос на христијаните во Турција.

Бугарите од Кнежеството – ако има уште такви, кои што мечтаат за Сан Стефанска Бугарија – нема зошто да негодуваат против политичкиот сепаратизам на македонските населенија.

Независно од сите штети, кои што мечтата за Сан Стефанска Бугарија ги принесува сега и во иднина, независно од сите ползи кои што ги ветува политичкиот сепаратизам, има една суштинска и важна последица од таа доктрина и тоа е: запазување на българското племе цело, неразделно и сврзано со својата духовна култура, макар и политички разделено. Без тој политички сепаратизам духовната целост на българското племе изгледа невозможна. Во интерес на Буггарското Кнежество е не само да ја подржи таа идеја,туку и да продолжи да работи на нејзиното остварување.

Што се однесува до другите балкански државички: Романија, Србија и Грција, ние мислиме дека ако во основата на нивната политика не лежат егоистични побуди, туку широка мисла за Балканска конфедерација и ако тие искрено веруваат, дека мнозинството од македонските населенија е еднородно со нив, ништо не би било поимперативно за нив од соработка со автономијата и со политичкиот сепаратизам.

Таков е политичкиот сепаратизам, за чие што остварување македонските населенија се подготвуваат на очајна борба и на кој што ние сме јавни проповедници. Такви се ползите, кои што тој неминовно ќе ги донесе на Балканските народи и на Българското племе. А тие ползи веруваме се од таков карактер, што поради нивното важно значење, политичкиот сепаратизам ќе ги преживее сите сопки, за да стане еден реален фактор на Балканот и во Европа.”

Статијата е публикувана на француски и бугарски јазик.

весник “Право”, Софија, број 16, 7 јуни 1902 год.

Подготвил: Зоранчо Маринков



Слични Објави