НАЦИОНАЛИСТИЧКИ БУДЕЊА И ПОДГРЕВАЊЕ НА ЕТНИЧКИТЕ ТЕНЗИИ
Како по книга напишано, секој изборен циклус сценаријата се тотално исти. Исти се актерите а богами и жртвите се исти.
Изборите се наближуваат така и подгревањата се посилни и земаат голем замав, а тоа може да се види и по секојa случка како се толкува и кое ниво се наметнува.
За почеток да биде јасно и гласно! Македонците немаат проблем со граѓаните од другите етнички заедници. Албанците не се проблем во државата и проблем во ова мулти-културно општество. Во Македонија живееле и ќе живееат граѓани на други етнички заедници и нормално секое право им било дадено како на секој Македонец, чинам и ако живеат во оваа држава и тие се Македонци и никој не може и не смее да им го одземе тоа право. НО! Има политичари т.е демагози на кои не им одговара соживотот и ќе направат сѐ за да го разединат и онака измачениот народ.
Еден од најгласните промотори за разиденинување е Артан Груби, демагог над демагозите, лицемер над лицемерите. Човекот кој упорно се заложува за поделбите и ја форсира етничката реторика токму пред избори. За тоа говори и неговата постапка, а тоа е инцидентот во МНТ. Имено тој човек преминува секаков протокол и дава наредби, кој, каде и во колку што ќе прави. Замислете истата директорка јасно и гласно потврди дека токму Артан Груби издејствувал за тој настан да се случи. Се извинувам, а чуму ни е нас да ја плаќаме директорката, ако Артан Груби кажува кој што и каде? Тоа повеќе ми наликува на партиски војник, а не директор, но нејсе, нели она не е битна. Имено истиот Груби тој настан го опиша како прослава и културен настан, а за тоа има докази дека се случувало токму спротивното. Тоа е дрскоста на овој човек! НО! Освен тоа што се заканува и е дрзок, впрочем дава констатација дека 27 април бил денот кога се демолирало и дивеело. Изгледа овој заборавил дека тој ден се гушкаше со синот на Мијалков и си ја напушти просторијата насмеан. Овој човек наместо да ги смирува страстите, ги подгрева националистичките побуди и создава тензии кои на никого не му се потребни. Не е важно кој, кога, што правел, важно е да важат законите за сите исто и секој да оговара за своето злодело. За жал, СДСМ и ДПМНЕ му слугуваат на истиот господар, па овие сценарија ќе си ги погледаме и нормално фаците како Груби.
Во нормални држави ова би било осудено и би се превзело одговорност и во најмала рака Артан Груби би останал без функција, а со него и директорката која не била на висината на својата задача.
На овај народ му треба достоинствен живот, а овие во 21 век го хранат со „национализам“. Народот бега по Европа и таму не оди по национализам, туку по подобра и мирна иднина. Народот бега од вакви националисти на батерии.
П.С. Заев плачеше за Македонија и се колнеше во сопствените деца, но каде сме и самите знаете. ДПМНЕ ќе враќаше знамиња, а пак сега и имиња, но и за овие знаете. Но пред Бојко и Вучиќ како гулаби пеат и Заев и Мицко. Патриоти на батерии!
Автор: Даниел Јорданоски, претседател на ГДУ- Охрид
