ЏОНСОН ДЕНЕСКА ЈА СООПШТУВА „КОНЕЧНАТА ПОНУДА“ ЗА БРЕГЗИТ
Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, денеска ќе ја објави конечната понуда за договор за Брегзит, но и ќе стави до знаење во Брисел дека нема понатаму да преговара и оти ќе го напушти европскиот блок на 31 октомври, без разлика дали ќе биде постигнат договор или не.
Како што наведува Ројтерс, Џонсон во своето завршно обраќање на годишната конференција на конзервативците, ќе ги изнесе и деталите за кои смета дека се фер и одговорни.

