|

ЕУ издвојува девет милиони евра за помош на Украинците поради траума

Европската комисија мобилизира девет милиони евра од здравствената програма на ЕУ за да им помогне на луѓето што бегаат од Украина, а кои имаат итна потреба од услуги за поддршка на менталното здравје поради траума.

Во Брисел потенцираат дека со овие средства ќе се овозможи Меѓународниот црвен крст и невладините организации да ги поддржат здравствените работници и да даваат услуги во вид на прва помош, тријажа, помош при психичка траума и советување бегалци на нивниот мајчин јазик.

„Мораме да им понудиме суштинска ментална и психолошка поддршка на сите на кои им е потребна. Со ова дополнително финансирање, ќе се погрижиме оваа помош да се обезбеди бргу на терен преку нашите партнерски организации. Тоа е исто така опиплив пример за нашата посветеност за поддршка на украинските бегалци додека тие почнуваат да ги обновуваат своите животи“, рече европската комесарка за здравство, Стела Киријакидес.

Последните податоци на УНХЦР покажуваат дека 4,6 милиони луѓе ја напуштиле Украина поради војната досега, а над 7 милиони се внатрешно раселени.

Извор: Temite

Слични Објави