Почина Абрахам Фоксман, долгогодишен директор на Anti-Defamation League (ADL) и голем пријател на Бугарија
На 10 мај почина Абрахам Фоксман – долгогодишен директор на една од највлијателните еврејски организации во светот – Anti-Defamation League (ADL) и голем пријател на Бугарија, јавуваат бугарските медиуми. Поранешниот бугарски претседател Петар Стојанов (1997-2002 г.) испратил писмо со сочувство до госпоѓа Голда Фоксман, вдовица на починатиот.
Во него се наведува: „Бугарија му должи исклучително многу на г. Фоксман за неговата категорична поддршка за признавањето на историскиот придонес на нашата земја за спасувањето на бугарските Евреи“. Фоксман има заслуги не само во оваа област – потсетуваат од тимот на Стојанов. Тој работеше несебично и за промовирање на денешна Бугарија и нејзините успеси во областа на демократизацијата на бугарското општество, развојот на бугарската економија и искрено сметаше дека тоа е негов придонес кон Бугарија и нејзиниот народ за спасувањето на бугарските Евреи за време на Втората светска војна.
Абрахам Фоксман е носител на бугарскиот орден „Мадарски коњаник“ од прв степен, пишува бугарскиот дневен весник 24 часа.
