АГЕНЦИЈАТА ЗА МЛАДИ И СПОРТ ЌЕ СПРОВЕДЕ ОБУКА ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО

//

Агенцијата за млади и спорт ќе спроведе обука за млади претприемачи за развој на претприемништво и деловни вештини, на која можат да учествуваат лица на возраст од 18 до 25 години.

Како што соопшти Агенција за млади и спорт, обуката е составена од два модула, при што првиот ги опфаќа претприемништвото, претприемачкиот процес и претприемачот, додека вториот се однесува на деловните вештини потребни за основање и водење сопствен бизнис.

Рокот за аплицирање на обуката е до 30 септември, а сите заинтересирани за учество имаат можност подетално да се информираат од официјалната интернет страница на Агенцијата за млади и спорт.



Претприемништвото претставува иновирање, финансирање и реализирање на бизнис идеи, со цел поекономично произведување економски добра, се нагласува во соопштението.



Претходна статија

ЏАФЕРИ ВО КАЗАХСТАН: ИМАМЕ БЛИСКИ СТАВОВИ ВО ВРСКА СО КЛУЧНИТЕ МЕЃУНАРОДНИ ПРАШАЊА

Следна статија

ЗЛАТО И СРЕБРО ЗА КАРПОШОВИТЕ АДМИНИСТРАТИВЦИ НА СИНДИКАЛНИТЕ ИГРИ НА ЈИЕ

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да