|

Луѓето со слаб имунитет во Израел почнаа да примаат и трета доза на „Фајзер“

Израел почна со аплицирање на трета доза на вакцина против Ковид-19 за лицата со слаб имунолошки систем.

Министерството за здравство соопшти дека поради зголемувањето на бројот на заразени, им овозможува на оваа категорија граѓани да примат трета доза од вакцината на „Фајзер“.

Израел досега вакцинираше повеќе од 61 процент од своите 9,3 милиони граѓани со најмалку една доза и речиси 56 проценти со две дози.



Слични Објави