Бугарија очекува до средината на 2026 година да биде тргната од „Сивата листа“
Министерот за правда на Бугарија Георги Георгиев изјави во интервју за БНТ дека земјата треба да биде извадена од „Сивата листа“ до средината на следната година.
Од 25 критериуми, 22 се веќе исполнети, а првата мерка за покривање на останатите три е реализирана од Министерството за правда. Според Георгиев, во јануари ќе биде поднесен извештај за напредокот, по што ќе се побара официјално отпочнување на процедура за отстранување на Бугарија од листата.
Министерот нагласи дека присуството на земјата во „Сивата листа“ ги одвраќа странските инвеститори, го забавува економскиот раст и го оптоварува домашниот бизнис.
