(ВИДЕО) СРПСКИ СВЕШТЕНИК НАПАДНА ПОЛИЦАЈЦИ ЗА ДА СПАСИ ДЕМОНСТРАНТ

На социјалните мрежи кружи видео од православен свештеник кој учествувал на вчерашните протести во Белград. На краткото видео се гледа како монахот се обидува да спречи полицаец во цивил кој влече демонстрант за врат.

Корисниците на социјалните мрежи коментираат дека тој е монах кој бил избркан од Православната црква поради своето однесување, а во Србија е познат по неговото спротивставување на властите.

„Со пресудата на Црковниот суд, тој беше обвинет за самоволие и непослушност кон надлежните црковни власти, како и за изнесување на бројни невистини и клевети. Антоние повеќе пати вршел верска служба на Трг републике на што нема право ни додека бил монах, бидејќи припаѓал на редот на обичните монаси кои не можеле да вршат свештени работи “, се наведува во образложението за неговото исклучување.

Според српските медиуми, монахот Антониј бил уапсен во 2012 година затоа што со автомобил ги нападнал полициските службеници на едно градилиште.

Извор: Макфакс