ТРАМП БАРА БРЗ РАЗВОЈ НА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19

/

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп му нареди на министерот за здравство Алекс Азар да го забрза развојот на вакцинaта против Ковид-19. Според неименуван претставник на администрацијата на Трамп, целта е до јануари да има достапни 300 милиони дози вакцини.

Блумберг јавува дека приватните фармацевтски компании, владини агенции и војската ќе ги здружат силите за да се обидат да го скратат периодот за развој на вакцините за осум месеци.



Здравствените советници на американскиот претседател Доналд Трамп, предводени од водечкиот епидемиолог Ентони Фаучи, рекоа дека ќе бидат потребни 12 до 18 месеци за да се развие вакцина против коронавирус.

Претходна статија

(ВИДЕО) ВО ЊУЈОРК ОТКРИЈА ТЕЛА НА 100 ЛУЃЕ ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19

Следна статија

(ВИДЕО)ВОЕН ХЕЛИКОПТЕР НА НАТО ПАДНА ВО СРЕДОЗЕМНО МОРЕ

Најново од Вести