Хеликоптерот на АРМ полни вода во Вардар и го гаси пожарот во Сарај

/

Веќе неколку дена гори шумата над селото Раховиќ во Општина Сарај. Вчера имаше противпожарни возила кои само дежураа да не стигне пожарот до селото, бидејќи не можеа да пристапат до него поради лошиот терен. Еден прелет вчера изврши романскиот авион „Спартан“, а денеска пожарот го гаси хеликоптерот на АРМ. Тој полни вода на реката Вардар, а потоа веднаш полетува до над селото каде што огнот според последните информации се доближил на 50-тина метри до куќите.



Претходна статија

ВИДЕО: Откако најавија дека во кафана не може без вакцина, хаос пред пунктовите за вакцинација

Следна статија

Почина македонската актерка Сабина Ајрула Тозија

Најново од Вести