Утре бугарскиот парламент официјално ќе ја отфрли кандидатурата на Пламен Николов од „Има таков народ“ за бугарски премиер

//

Претседателскиот совет на бугарскиот парламент одлучи утре преку гласање во собранието официјално да ја отфрли кандидатурата на Пламен Николов од партијата „Има таков народ“ за премиер на Бугарија, откако самиот тој вчера се повлече поради лични причини.

Веста ја соопшти Маја Манолова од Исправи се Бугарија! Ние доаѓаме, пренесува Бугарската национална телевизија.



Потсетуваме дека вчера лидерот на „Има таков народ“ Слави Трифонов во телевизиско обраќање соопшти дека неговата партија нема да предложи нов владин кабинет, бидејќи т.нар. партии од протестите Демократска Бугарија и Исправи се Бугарија! Ние доаѓаме! нема да гласаат за владата составена од неговата партија.

Претходна статија

Франција се приклучува во гасењето на пожарите во Македонија – помошта надополнета со високо софистицирана опрема сочинета од дронови

Следна статија

ВИДЕО: Откако најавија дека во кафана не може без вакцина, хаос пред пунктовите за вакцинација

Најново од Вести