КОЛЕВ: НИЕ НЕМАМЕ МОРЕ ИЛИ ЕЗЕРО, НО ГИ ИМАМЕ МАНАСТИРИТЕ И ЦРКВИТЕ, ИСТОКОТ МОЖЕ ДА РАЗВИВА ДУХОВЕН ТУРИЗАМ

//

Денес со моите колеги Марјан Михов, втор на листата за пратеници на ГДУ во ИЕ 3 и Борче Пачемски, координатор за ИЕ 3, го посетивме Лесновскиот манастир во с. Лесново, пробиштипско. Главната црква е посветена на Светите Архангели Михаил и Гаврил.

Лесново е едно од најстарите села во Македонија. Неговата историја е неделива од постоењето на Лесновскиот манастир. Показател за староста на селото се и бројните сочувани траги во неговиот атар, како што се пештерните цркви и пештерните испосници. Во селото постоело едно од најстарите училишта во Македонија, коешто било основано во XI век. Во периодот помеѓу 10 и XIV век, во Лесново била создадена големата „Лесновска лавра“, позната како најголема монашка република на Балканот. За разлика од многу други села, во периодот под отоманска власт, селото ја нема променето својата местоположба.

Лесновскиот манастир зазема значајно место во македонската црковна, национална и културна историја. Уште од своето основање, големата Лесновска лавра, со своите многубројни параклиси и скитови, станала расадник на многу нови светилници на Православната црква, почнувајќи од светиот преподобен Гаврил Лесновски, па сè до епископот Гаврил Светогорец, чие тело почива до самиот манастир и од страна на САС на МПЦ е поведена постака за канонизирање за светител, кој со својот богоугоден и свет живот и со своите огнени молитви го осветлувале, огревале и утврдувале нашиот македонски народ во љубовта и верата Христова и се грижеле за негово национално и верско опстојување.



Според најстарото пролошко житие на свети Гаврил Лесновски, кое што го напишал Станислав Граматик во 1330 година, оваа света обител потекнува некаде од 11 век, а го основал самиот св. Гаврил Лесновски и го посветил на Свети Архангел Михаил. Околу манастирот се подигнати бројни свети места – помали манастири, параклиси, испосници и скитови, кои биле во функција на познатата препишувачка лесновска книжевна школа. Подоцна тие во време на Османлиското ропство биле разрушени.

Драги пријатели, овој манастир претставува одличен пример за манастирски туризам во Република Македонија. За жал, нашето историско и културно наследство како да е во заборав. Доколку во нашата земја владееја одговорни и креативни луѓе, нашите цркви и манастири ќе беа едни од најпосетените и најголеми светски туристички атракции. Нашето неисцрпното културно наследство на Македонија има потреба од вистински гласник кој ќе го претсави во неговата вистинска големина и значење на сите верници низ светот. Истокот мора да заживее. Ние немаме море и езеро но ги имаме нашите цркви и манастири, нашите природни богатства, кои несомнено можат да го разбудат чувството на спокој но и радозналост кај секој еден човек. Силно се надевам дека во иднина за нашите бесценети наследства како Лесновскиот манастир, ќе се слушне надалеку, вели Петар Колев, претседател на ГДУ во својата објава на facebook.

Претходна статија

ИЗГОРЕ КУЌАТА НА ЧЕТИРИЧЛЕНО СЕМЕЈСТВО ОД КРИВОПАЛАНЕЧКОТО СЕЛО ЛУКЕ

Следна статија

ИГОР ЈАНУШЕВ Е НЕГАТИВЕН НА КОРОНАВИРУСОТ

Најново од Вести