| |

СПОРЕД ПРОТОКОЛИТЕ ЗА ПОПИСОТ НЕ Е ПРОБЛЕМ ВЛЕГУВАЊЕТО ДОМА, АКО МЕРКИТЕ СЕ ПОЧИТУВААТ

Директорот на Институтот за јавно здравје воедно и член на Комисијата за заразни болести Шабан Мемети за ТВ21 ги објасни протоколите кои треба да бидат испочитувани во текот на пописот.

Протоколи за попис:

1.Задолжително носење заштитна маска за да се заштитат себе си од други што се во близина или пак да ги заштитите другите од вас.

2.Одржување на препорачаното растојание од 1,5 до 2 метри, помеѓу секој од учесниците.

3. Да се избегнува допирањето на носот, очите и устата.

4.Одржување на личната хигиена со често миење на рацете со сапун и вода, употреба на средства за дезинфекција на раце и површини врз база на 70% алкохол;

5.Доколку некој од попишувачите појави симптоми на Ковид 18 веднаш ќе биде упатен на тестирање и ќе го замени друг попишувач.

6.Искористената лична заштита се отстранува како комунален отпад во црни пластични кеси за отпад.

Мемети вели дека на попишувачите им е дозволено да ги посетуваат домовите на граѓаните, почитувајќи ги мерките. Го прашавме како ќе се попишуваат заразените од Ковид и оние во изолација:

„Зборуваме и за попишувачите и за граѓаните. Тие веќе се во систем и се информирани и во Државен здравствен инспекторат и Министерство за внатрешни работи. Ќе знаат за сите кои ќе бидат позитивни, колку денови им се потребни и за другите контактни кои се во изолација“, вели Шабан Мемети.

Информации за попис 2021:

075 268 732 (редовна линија, Viber, WhatsApp)

075 268 734 (редовна линија, Viber, WhatsApp)

075 268 745 (редовна линија, Viber, WhatsApp)

Броеви за контакт од Државен завод за статистика

071 48 33 13 (редовна линија, Viber, WhatsApp) – за македонски јазик

071 48 32 91 (редовна линија, Viber, WhatsApp) – за албански јазик

Преку апликацијата за самопопишување заклучно вчерашниот ден се самопопишале 18236 лица. Во тек е попишувањето војниците, кои се на служба во државата или во странство.Потоа, лЛица кои се наоѓаат во притвор или на издржување казна затвор во затворите, казнено-поправните установи и воспитно-поправните домови. Лицата на служба во дипломатско-конзуларните претставништва и членовите на нивните семејства што престојуваат заедно со нив и бездомници.

Слични Објави