|

Масакр во Прага: убиени најмалку 10 лица на Универзитет, а дестици се повредени

Најмалку 10 лица се мртви, а 24 повредени во пукање на Универзитетот во Прага, пришто напаѓачот е ликвидиран.

На социјалните мрежи се споделуваат  фотографии од студентите кои се кријат на покривот од нападот.

На социјалната мрежа „Икс“ се појави фотографија од наводниот напаѓач кој го изврши денешниот масакр, кој подоцна беше елиминиран.

Според зборовите на еден од предавачите на Филозофскиот факултет, студентите и вработените попладнево добиле електронска пошта да се забарикадираат.

Сличен мејл добиле и вработените во Уметничко-индустриското училиште кое исто така се наоѓа на плоштадот Јан Палах.

„Останете каде што сте, не одете никаде. Доколку сте во канцелариите, заклучете ги и поставете мебел пред вратата. Исклучете ги светлата, напаѓачот најверојатно е на четврти кат од зградата на Плоштадот Јан Палах“, стои во мејлот што е испратен.

Слични Објави