|

ТЕХНИЧКИОТ ПРЕМИЕР СПАСОВСКИ НЕ САКА ПОВЕЌЕ ТЕХНИЧКИ ВЛАДИ

Нема потреба од формирање на било каква преодна влада. Посакувам оваа да биде последната. Треба да покажеме дека не отстапуваме од организирање регуларни избори. Условите од претходната пржинска влада и сега не можат да се спредат, изјави премиерот на техничката влада Оливер Спасовски.

Тој додава дека би сакал сите постапки кои се започнати со регуларната влада, сега да бидат продолжени со техничката влада, меѓу кои и ветингот во Министерството за внатрешни работи.

-Посакувам сите постапки кои се почнати да завршат, не треба да стојат работите затоа шти има техничка влада. Би сакал ветингот да продолжи сега додека технички министер е Наќе Чулев од ВМРО-ДПМНЕ, изјави Спасовски.



Слични Објави