|

СДСМ: Мицкоски и Лефков да се извинат откако ДКСК ги демантираше измислените афери за Ковачевски

Мицкоски, Лефков и сите коишто јавно ширеа лаги да им се извинат на граѓаните и на Ковачевски за сите фабрикувани афери, кои со денови ги пласираа против претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, велат од СДСМ.

„ Измислените афери на ВМРО-ДПМНЕ ги демантираше Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и потврди дека нема основ за покренување постапка против претседателот Ковачевски.

Очекувано се потврди она што Ковачевски јавно го кажа, дека тој се повлекол од компанијата уште во 2020 година и дека се е транспарентно објавено во неговиот Анкетен лист.

Исто така уште еднаш се потврди дека Белата палата е извор на лажни вести,конструкции и шпекулации, со кои се обидува да ја манипулира јавноста“ додаваат од владејачката партија.



Слични Објави