|

Почина 27-годишна штипјанка oткако ја каснал крлеж, луѓето со кои контактирала се под надзор

Дваесет и седумгодишна девојка од селото Кучица, Штип починала откако ја каснал крлеж.

За случајот информираа од Институтот за јавно здравје.

Девојката првин била хоспитализирана во Штип, а потоа во Скопје, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Со оглед на тоа што болеста се пренесува и преку крв од заразеното лице направено било пребарување на сите контакти во семејството.

Од контактите со висок ризик земени биле четири материјали за тестирање и се негаивни. Останатите контакти се ставени под здравствен надзор во наредните две недели.



Слични Објави