ОКТОПОДИ ПЛИВААТ ВО МДМА, ШТО Е СЛЕДНО?

Tим истражувачи потопија октоподи во МДМА и открија дека оваа психотропна супстанција типично срамежливите октоподи ги прави доста дружељубиви.

Д-р Гал Долен од Универзитетот Џон Хопкинс и Ерик Едсингер од Универзитетот во Чикаго го изведоа овој експеримент под претпоставка дека ‘рбетниците и без’рбетници имаат слични типови невротрансмитери и дека во многу случаи нивните функции се преклопуваат.

Научниците го проучуваа местото каде се врзуваат серотонинските транспортери на МДМА, за кое сметале дека е исто кај октоподите и кај луѓето, и покрај тоа што ние и тие еволутивно сме се одвоиле пред повеќе од 500 милиони години. Во суштина, тие сметале дека МДМА слично ќе влијане на „срамежливоста“ на октоподите какошто влијае врз човековото однесување.

Прво, истражувачите на октоподите кои се уште не биле под дејство на супстанијата им дале да се движат низ три комори: една празна, една за дружење и една комора во која се наоѓа предмет. Нивното однесување се следело 30 минути: трезните октоподи поминувале повеќе време во комората со предметот и во комората за дружење но само кога во неа има женка.



Потоа, октоподите биле потопени во МДМА десет минути и минаа низ истиот опит.

Она што го откриле укажува на тоа дека МДМА навистина значително го зголемува дружељубивото однесување кое инаку не е многу карактеристично кај октоподите. Под дејство на МДМА, октоподите повеќе сакаат да се дружат со други октоподи отколку кога се трезени.



Претходна статија

НАЈДИ ГО ОНА ШТО ГО САКАШ И ПУШТИ ГО ДА ТЕ УБИЕ- ЧАРЛС БУКОВСКИ

Следна статија

ВНИМАНИЕ: НА ФЕЈСБУК ПРОДАВААТ ФАЛЦ КОЗМЕТИКА

Најново од Магазин