ВНИМАНИЕ: НА ФЕЈСБУК ПРОДАВААТ ФАЛЦ КОЗМЕТИКА

//

На социјалните мрежи сега се одвива повеќе од 50 отсто од продажбата на фалсификувана козметика. Извештајот на РедПоинтс, водечка компанија за заштита на авторските права, објави дека  41,1 проценти од фалсификуваната козметика е детектирана на фејсбук, додека Инстаграм фигурира со само 9,2 проценти.

Извештајот, исто така, покажа дека 19,5 проценти онлајн купувачи купуваат фалц козметика по грешка и дека околу 50 проценти од онлајн купувачите сметаат дека е одговорност на сопствениците на брендот да ги отстранат лажните предмети од онлајн-платформите.

Извршниот директор на РедПоинтс, Лаура Урквизу, вели дека превирањата во козметичката индустрија во последниве години, делумно поради популарноста на дигиталниот маркетинг преку социјалните мрежи, доведоа до раст на пазарот на нелегални козметички производи. Во споредба со сите другите индустрии, извештајот покажува дека секторот за козметика е најмногу погоден од фалсификати, а фалсификаторите претпочитаат социјални мрежи как оплатформ за продажба на лажните брендови.



Освен тоа, препродавањето на автентични козметички производи на таканаречениот „сив пазар”, исто така, одигра важна улога во натамошното оштетување на легитимната козметичка индустрија во светот. Фалсификувањето е предизвик кој секогаш ја мачел козметичката индустрија, но во последниве години се засили поради доаѓањето на социјалните мрежи и покрај работата на онлајн платформите како Амазон, и-Беј и Фејсбук.

Освен доколку компаниите не спроведат ефикасни начини за решавање на проблемот, фалсификаторите ќе продолжат да ги искористуваат празнините во системот за ширење на нелегалната козметика преку интернет. Извештајот на РедПоинтс следува по два случаи на фалсификување високопрофилна козметтика – во февруари полицијата пронајде фалсификувани производи на Кајли Козметикс вредни 700,000 долари на 21 локација низ Лос Анџелес, а минатиот месец Фенти бјути објави предупредување за веб-страница која продава фалсификувани верзии на својот бренд.



Претходна статија

ОКТОПОДИ ПЛИВААТ ВО МДМА, ШТО Е СЛЕДНО?

Следна статија

КОГА АКТЕРИТЕ ЌЕ ПИВНАТ

Најново од Магазин