| |

Општинскиот театар од Ќустендил ќе ја претстави Бугарија на Балканскиот театарски фестивал „KU’fest“ во Куманово

Бугарија ќе биде претставена на третото издание на Балканскиот театарски фестивал „KU’fest“ во Куманово од Општинскиот театар од Ќустендил со претставата „Семеен албум“ од Малин Крстев, во режија на Пресијан Кузов. Фестивалот ќе се одржи од 31 август до 5 септември 2026 година во НУЦК „Трајко Прокопиев“, јавува Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје.

Фестивалот има натпреварувачки карактер, а официјалната програма опфаќа пет театарски претстави од регионот.

Сценографијата на претставата „Семеен албум“ е дело на Габриела К’рџилова, а музиката e на Дамјан Михајлов. Во претставата настапуваат Билјана Лачезарова, Јордан Данчев и Костадин Жеков.



Слични Објави