| |

ЕК им додели 86,9 милиони евра на бугарските земјоделци поради војната во Украина

Европската комисија (ЕК) одобри помош за земјоделците во Бугарија во вкупна вредност од 86,9 милиони евра поради последиците од руската војна против Украина, јавува БНР. Помошта ќе се исплаќа директно на бугарските земјоделци.

Корисници на помошта можат да бидат земјоделци во сточарството, пчеларството, производството на овошје и зеленчук, масло од роза, вино и тутун. До 30 јуни тие ќе можат да добијат до 280.000 евра.



Слични Објави