| |

Тирана и Софија ја прошируваат соработката во рамките на мрежата на општините на Балканот B40

Градоначалникот на Тирана Ерион Велјај за време на својата последна посета во Софија пред два дена оствари средби со цел проширување на партнерствата со бугарските членови во најголемата мрежа од општини на Балканот B40, јавува Амбасадата на Албанија во Софија.

Градоначалникот Велјај се сретна со градоначалникот на Софија, Васил Терзиев, со кого го изразија заедничкиот став за важноста на Коридор 8 и рестартирањето на директните летови Тирана -Софија преку Рајнер или Визер.

Тирана ќе претседава со B40 мрежата и ќе биде фокусирана врз иновациите, креативноста и соработката меѓу градовите на Балканот.

Основните пораки по средбите на градоначалникот Велјај во Бугарија се дека Балканот има значаен потенцијал во однос на трговските и инвестициските патишта низ градовите. Воедно со тоа Тирана и Софија се градови со одлични односи кои се ориентирани кон трајните решенија во работењето со младите и дигиталната трансформација.

Слични Објави