| |

Во Њу Лексингтон по 46-ти пат ќе се одржи Годишниот фестивал посветен на големиот пријател на Бугарија, американскиот новинар Џануариус Макгахан

На 8-ми јуни 2024 година ( сабота) во New Lexington ќе се одржи 46-от годишен фестивал во чест на големиот американски новинар Џaнуариус Макгахан и неговиот придонес кон ослободувањето на Бугарија.

Во програмата на фестивалот се предвидени следните настани : Панихида на гробот и полагање цвеќиња во чест на големиот пријател на Бугарија, полагање на венци и свежо цвеќе пред споменикот на Макгахан наспроти судот на округот Пери, ручек со бугарски јадења и напитоци а исто така и објавување на победничките ученички есеи од средното школо на округот Пери и англиската гимназија во град Пазарџик Бугарија. Повеќе информации можете да видите на следниот линк.

Ген. консул Светослав Станков със сина му, пратеника в законодателния дом на Охайо Brian Stewart, кмета на Ню Лексингтън Trent Thompson, и отец Владимир Костов от македоно-българската църква Св. Илия в Акрон Охайо

За прв пат Макгахан е одбележан во неговиот роден град New Lexington во 1925 година од тогашниот полномоштен министер на Царство Бугарија во САД, ресенчанецот Симеон Радев. Благодарение на него на гробот е поставен огромен гранитен блок, подобен на морените на Витоша, кој е занесен таму од граѓани на градот Батак во Бугарија . Во 1978 година започнува да се одржува годишен фестивал во чест на новинарот а малку подоцна е поставен и негов споменик во центарот на градот пред Судската Палата.
Споменикот на Макгахан е подарок на градот од бугарската миграција во САД, и е дело на познатиот бугарски вајар Љубомир Далчев, роден во Солун во 1902 година.

Љубомир Далчев е брат на бугарскиот поет Атанас Далчев и на архитектот Борис Далчев. Љубомир Далчев е автор на голем број скулптурни и монументални дела меѓу кои е и споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје.

Слични Објави