Почина македонската актерка Сабина Ајрула Тозија

/

На 75 годишна возраст по кратко боледување почина македонската актерка Сабина Ајрула Тозија, доајен на театарската уметност и една од најпознатите актерки од Македонија. Во своето долгогодишно искуство соработувала со повеќето реномирани македонски и странски режисери. Ајрула-Тозија беше препознатлива по нејзиниот огромен талент и улоги кои оставија траен белег во нашето театарско небо. Во последните неколку години беше дел од малите ТВ-екрани. Играше во ТВ-сериите „Фамилијата Марковски“, „Сулејман Величествениот“, „Зоки Поки“.



Претходна статија

Хеликоптерот на АРМ полни вода во Вардар и го гаси пожарот во Сарај

Следна статија

(Видео) Тројца пожарникари од Благоевград раскажуваат за борбата со пожарите кај нас

Најново од Вести