|

Од 29 мај ќе почне исплатата на пензиите

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои информацијата за исплата на пензии за месец мај. Исплатата ќе биде овозможена преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 29 мај. Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија ќе ги достави податоците за пензиите до деловните банки до 26 мај.

Во соопштението од владината прес-служба се наведени следните препораки за исплата на пензиите:

За пензии со висина до 11 илјади денари, исплатата ќе се изврши на 29 мај 2023 година (понеделник).
За пензии со висина од 11.001 до 14 илјади денари, исплатата ќе се изврши на 30 мај 2023 година (вторник).
За пензии со висина од 14.001 до 18 илјади денари, исплатата ќе се изврши на 31 мај 2023 година (среда).
За пензии со висина над 18.001 денари, исплатата ќе се изврши на 01 јуни 2023 година (четврток).

Слични Објави