Импресивен велигденски концерт во Филхармонијата на Република Северна Македонија под диригентската палка на маестро Најден Тодоров
Синоќа во Филхармонијата на Република Северна Македонија се одржа импресивен „Велигденски концерт“, под диригентската палка на светски познатиот бугарски диригент и министер за култура на Република Бугарија маестро Најден Тодоров, јавува Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје.
Маестро Тодоров ги предводеше оркестарот и хорот во обемна и емоционално силна интерпретација. Солисти на концертот беа Катерина Стојановска, Исмет Вејсели и Иван Наумовски, заедно со хорот „ПроАрс“.
Концертот беше дел од празничната велигденска програма и се одржа пред исклучително голем интерес, создавајќи атмосфера на духовна возвишеност и длабока емоција. Публиката ги испрати уметниците со долготраен аплауз. Посебен акцент на вечерта беше и личниот повод – настанот се совпадна со роденденот на маестро Тодоров, што му даде дополнителна симболика и топлина на музичкиот празник, стои во информацијата на БКИЦ-Скопје објавена на нивната официјална страна во социјалната мрежа Facebook.

