| |

Бугарското МНР со протестна нота до македонското МНР заради антибугарските пароли на протестите во Скопје

Во врска со бројните пројави и пароли насочени против Бугарија на јавниот простор на Република Северна Македонија во последните денови, Министерството за надворешни работи на Република Бугарија испрати протестна нота до Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија.

Во неа се изразува длабока загриженост за она што се случува, што е и одговор на распространетиот антиевропски наратив против воспоставувањето на добрососедски односи меѓу двете земји.

„Особено загрижувачки е што злонамерните дела на јавниот простор ескалираат во време кога Софија и Скопје активно бараат начин за конструктивен дијалог и изнаоѓање трајни заеднички прифатливи решенија во интерес на европската интеграција на Република Северна Македонија и регионот.

Веруваме дека ваквите манифестации ќе станат дел од минатото, а нашите две земји ќе можат да отворат нова страница во нивните односи, засновани на меѓусебно почитување и искрено пријателство“, се вели во соопштението на бугарското МНР.



Слични Објави