МНР на Бугарија: Дадени се јасни насоки за организирањето на гласањето во странство
Координацискиот центар во Министерството за надворешни работи информира дека гласањето на бугарските граѓани во странство се одвива според однапред утврдени адреси за секој изборен циклус. За разлика од земјата, каде секциите се на исти локации, во странство тие се менуваат и се објавени во одлуките за нивно формирање.
„Ако сте гласале на едно место на изборите пред две години, тоа не значи дека секцијата е на истата локација. Затоа апелираме граѓаните да се запознаат со адресите, кои се достапни и на веб-страницата на ЦИК“, изјави Борјана Стојнова од работната група „Избори“ во Министерството.
Списоците за гласање се објавени на порталите на Министерството за надворешни работи и дипломатско-конзуларните претставништва, а проверка може да се направи и преку ЕМБГ на страницата на ГД „ГРАО“.
„Сите бугарски граѓани кои не поднеле претходна пријава можат да гласаат во секција по избор, со поднесување изјава дека ги исполнуваат условите и нема да гласаат на друго место“, додаде Стојнова.
Од институциите информираат дека се обезбедени доволен број изјави и јасни насоки за непречено одвивање на процесот.

