ГРУЕВСКИ И УТРИНАВА НЕ СЕ ПОЈАВИЛ ВО ШУТКА
Поранешниот премиер Никола Груевски ниту утринава не се појавил во истражниот затвор „Скопје“, каде што треба да одлежи двегодишна казна, дознава „Фокус“ од извори во затворот. Тој во текот на вчерашниот ден не го примил решението на Кривичниот совет, бидејќи во неколку наврати судскиот доставувач не успеал да го пронајде. Веднаш штом Груевски лично го прими решението истото веднаш станува извршно. Груевски на двегодишна затворска казна беше осуден како обвинет во случајот на СЈО „Тенк“, односно за набавката на луксузниот мерцедес од 580.000 евра.