Стејт департмент: Во РСМ има систематско насилство врз Бугарите
Во РС Македонија има систематско расно и етничко насилство и дискриминација врз Бугарите. Ова се наведува во извештајот на Стејт департментот за човековите права во 2023 година, јавува БГНЕС.
Во документот се споменува тепањето и тешките физички повреди нанесени на македонски државјанин кој се изјаснил како Бугарин, како и затворањето на бугарските културни клубови.
„Министерот за правда ги затвора бугарските културни клубови „Цар Борис III“ и „Иван (Ванчо) Михајлов“, повикувајќи се на закон од 2022 година“, се вели во извештајот на Стејт департментот.
„Во февруари по препорака на Комисијата за заштита од дискриминација, битолското обвинителство започна предистражна постапка против клубот „Иван (Ванчо) Михајлов“ поради говор на омраза. Претседателот на клубот е обвинет за поттикнување етничка и расна омраза и нетрпеливост и ширење расизам и ксенофобија“, се вели во документот.
Во него се наведува и дека „две лица се обвинети за нанесување тешки телесни повреди на Христијан Пендиков врз основа на национална и етничка омраза, бидејќи се изјаснил како Бугарин, “.

