| | |

(Видео)„100 години Baba&Dedo“- документарен филм посветен на вековниот јубилеј на МПО- организацијата на македонските Бугари во САД и Канада

„Ние тука сме Б’лгарци од Македонија“, вели поранешниот претседател на МПО Георги Лебамов, потомок на основачите на Организацијата во Форт Вејн Индијана, во краткиот документарен филм на бугарската новинарка Теодора Енчева посветен на 100 годишнината Македонската патриотска организација во САД и Канада.

Семејството Лебамови е во основата на формирањето на МПО во Форт Вејн, а денес и синот на Георги Лебамов- Томас влегува активно во работењето на Организацијата.

„Во 1989 г. со мојот татко бевме во Рим, кај Ванчо. Јас, Џон и мојот татко, во неговиот апартман, мал стан. Имаше силно присуство. Тешко е да се објасни, но тоа едноставно се чувствуваше. Неговите очи беа челично сино-сиви. Нè гледаше и ни рече на бугарски, татко ми, ни преведуваше: Помнете дека вие сте Бугари и сте наследници на војните на царот Самоил. Јазикот што го зборувате е на царот Самоил! Никогаш не ја предавајте каузата на МПО и на ВМРО“, вели Томас Лебамов во филмот на Теодора Енчева.

Во документарецот на бугарската новинарка насловен „100 години Baba&Dedo“ свои изјави имаат и генералниот конзул на Бугарија во Чикаго Светослав Станков, активистите на МПО Надежда Чачов, Александар Караџов, Марија Попов сопруга на покојниот Димитар Попов главен уредник на печатениот орган на МПО „Македонска Трибуна“ и бугарскиот европратеник од редовите на ЕНП Андреј Ковачев.

Погледнете го краткиот документарен филм посветен на вековниот јубилеј на МПО во видеото што следи:

Слични Објави