|

Грците со зголемен интерес за патувања во Бугарија за празниците Свети Димитар и 28 Октомври- Националниот празник на Грција

По повод црковниот празник свети Димитар во недела и националниот празник на Грција – 28 октомври, грчките туристички агенции пријавуваат зголемен интерес на граѓаните за патувања во странство, објави БНР.

Покрај популарните европски дестинации како Париз, Барселона, Прага и Будимпешта, оваа година значителен број Грци ja избрале Бугарија како своја туристичка дестинација. Според агенциите, е забележан пораст на интересот за организирани екскурзии до бугарското Црноморие, со посети на Бургас и Варна, како и тури за културен туризам во Велико Трново, кое оваа година исто така се вбројува меѓу најбараните дестинации.

Посебен интерес има и за обиколки на бугарските манастири, кои привлекуваат посетители со својата духовна и историска вредност.

Несомнено, зимските туристички центри остануваат меѓу најпосетуваните поради природната убавина и висококвалитетните услови што ги нудат хотелите во Банско, Боровец и Пампорово.

Грчките туристи сè почесто избираат и спа одмори во Велинград и Хисарја, кои стануваат сè попопуларни меѓу патниците од јужниот сосед, соопштуваат од туристичките агенции.

Слични Објави