| |

Здружението „Наследство“ од Скопје зеде учество на меѓународна Еразмус+ обука во Бугарија

Здружението „Наследство“ од Скопје имаше свој претставник на отворањето на најновата програма во рамките на проект финансиран од програмата Еразмус+, насочен кон соработката меѓу младите луѓе и меѓукултурниот дијалог.

Отворањето на програмата се одржа во градот Банкја, Република Бугарија. На почетокот на програмата беше претставен тимот на организаторите и целите на проектот, како и активностите што ќе се реализираат во текот на наредните денови.

Проектот е организиран од здружението „Инклузивност без граници“, кое што работи на развој на младинската соработка, интеркултурниот дијалог и размената на искуства меѓу организации од различни европски земји.

Преку ваквите Еразмус+ активности се создава простор за учење, соработка и размена на добри практики меѓу учесниците, со цел подобрување на квалитетот на младинските проекти и зајакнување на меѓународната соработка меѓу организациите, стои во соопштението на здружението „Наследство“ од Скопје.

Слични Објави