| |

Здружението „Балкански мост“од Битола со најостра осуда по вандалскиот чин врз клуб на бугарската заедница во истиот град

Здружението „Балкански мост“ – Битола најостро го осудува најновиот чин на вандализам врз бугарскиот културен клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола. Фактот што ова се случува по втор пат покажува дека не станува збор само за изолиран вандалски акт, туку за порака која предизвикува загриженост и несигурност кај бугарската заедница и бугарскиот народ во Република Северна Македонија, стои во реакцијата на здружението објавена на нивната страница во социјалната мрежа Facebook.

„Сметаме дека ваквите постапки се штетни за општеството, за меѓуетничката доверба и за европската перспектива на нашата држава. Насилството, омразата и уништувањето никогаш не можат да бидат средство за изразување на ставови и тие директно го нарушуваат духот на соживотот, почитта и толеранцијата меѓу народите во Македонија.

Ги повикуваме надлежните институции итно и целосно да го расчистат овој случај, сторителите да бидат пронајдени и соодветно санкционирани, со цел да се испрати јасна порака дека ваквите дела нема да бидат толерирани.

Како здружение кое се залага за дијалог, соработка и европски вредности, „Балкански мост“ цврсто стои на ставот дека вандализмот и омразата кон било кој народ или заедница во Македонија се неприфатливи. Само преку меѓусебно почитување, разбирање и заедничка грижа за иднината на државата можеме да изградиме стабилно и демократско општество.

Нашата заедничка цел треба да биде Македонија во која ќе владее соживот, почитување на различностите и сигурност за сите граѓани, без разлика на нивната национална или културна припадност“, стои во реакцијата на „Балкански мост“.



Слични Објави