Бугарски новинари-поранешни дописници од Скопје: РС Македонија ќе стане дел од ЕУ, кога ќе дојде времето за тоа

//

„И покрај разбирливите амбиции на Емануел Макрон да го круниса француското претседателство со тоа што ќе направи пробив на Западен Балкан, тој јасно сфаќа дека се уште не е дојдено времето за тоа и дека нема околности што би ѝ дозволиле на бугарската страна сега да ја промени својата рамковна позиција – Скопје не презема ништо за да се придвижи напред во дијалогот со Софија“.

Ова за БНР го изјави новинарот Мартин Минков, поранешен дописник на БНР од Скопје.

Тој посочи дека во последните 30 години има бесконечен број декларативни изјави од Скопје и бесконечен број документи останале само парче хартија.

„Не им верувам на политичките кругови во Скопје… Македонската страна бега од нешто што црно на бело е потпишано во нашиот договор – заедничката историја. Ние немаме ставено вето на влезот на РС Македонија во ЕУ. Не се согласуваме со тоа, додека има толку отворени прашања меѓу нашите две земји, да започне преговарачкиот процес“, вели Минков.

По темата во емисијата „Сабота 150“ коментираше и Коста Филипов, долгогодишен дописник од Скопје за БНТ, БНР, БТА:

„Главниот проблем што го попречува процесот на пристапување на РС Македонија во ЕУ е немањето гаранции дека договореното и запишаното ќе се исполни. Политичката елита не ги исполнува договорите потпишани пред години.



Според него, нерасчистувањето на односите меѓу Софија и Скопје е адут во корист на Белград и лично на Александар Вучиќ, кој „последниве месеци направи многу потези за да ја потврди својата позиција во РСМ“:

„Ако ја прифатиме тезата дека руското влијание во северна Македонија доаѓа преку Србија, како и секогаш, немам докази за директно руско влијание во РС Македонија, но тоа се случува индиректно. Зарем Скопје не сфаќа дека неговиот интерес е на друго место и дека треба да побара начин да се обиде посериозно да погледне на сопственото постоење, историја, минато и политичко работење“, вели Филипов.

Минков додаде дека од неодамна во Бугарија има подгревање на атмосферата на оваа тема, велејќи дека „тоа е непотребно и не води кон ништо добро“.

„Фалсификувањето на бугарската историја врз основа на идеологијата на македонизмот е многу тешко сфатливо за европските експерти и пратеници кои влијаат на формирањето на јавното мислење.

Филипов изрази мислење дека притисокот е преголем да се реши ова прашање без да се најде сериозно политичко решение.



Претходна статија

Децата што учествуваа во проектот „Творилница“ ги покажаа вештините што ги научија во креативните работилници

Следна статија

(Видео) Проф. д-р Димитров: Ги советувам тие, што се обидуваат да вршат притисок врз мене и комисијата да си најдат посмислена работа

Најново од Вести