| |

(Видео) Проф. д-р Димитров: Ги советувам тие, што се обидуваат да вршат притисок врз мене и комисијата да си најдат посмислена работа

Продолжувам да се прашувам како темата за брз почеток на преговорите за влез во ЕУ на Република Северна Македонија стана централна, а не треба да биде. Земјата што е заинтересирана мора да биде активна, а не Бугарија. Ова за БНТ го изјави проф. Ангел Димитров, копретседател на заедничката бугарско-македонска историска комисија.

Според него, најверојатно идејата е наметната од надвор, ако е внатрешна, тогаш идејата е слабо обмислена.

Недозволиво е Бугарија да дозволува притисок врз себе, рече проф.Димитров. Според него, тоа во моментов е дозволено, дури и внатре во државата.

Проф. Димитров соопшти дека бил повикан на разговор во бугарската агенција за национална безбедност ДАНС, по пријава на непозната за него група на луѓе. Димитров ги посоветува тие што се обидуваат да прават било каков притисок врз него и комисијата да си најдат посмислена работа.



Слични Објави