Децата што учествуваа во проектот „Творилница“ ги покажаа вештините што ги научија во креативните работилници
Децата што учествуваа во креативните работилници во рамките на проектот „Творилница 2“ ги покажаа своите вештини пред гостите, менторите, координаторите, родителите и наставниците на специjaлен настан што се одржа во центарот „Јадро“ во Скопје. Проектот „Творилница 2 “ се спроведува од невладината организација „Здравеј“ со претседател Илијана Атанасова, која е и прв човек на саботно-неделното бугарско училиште во главниот град на РС Македонија.

Мило ми е што сте толку многу во овој проект за иновативно образование, овој друг начин на постигнување знаења и креативни вештини. Време е за пријателство, работа и да бидеме заедно, рече во своето обраќање амбасадорот на Бугарија во Република Северна Македонија Ангел Ангелов, кој беше гостин на настанот заедно со својата сопруга Билјана Ангелова и други претставници од бугарската амбасада.

За еден месец во „Творилница 2“ децата ги развија своите вештини, работејќи во четири клуба – за литература и новинарство, со раководител Ксенија Маказлиева Трајчева, за музика, со раководител Стефана Марковиќ, театар со раководител Ангела Стојановска и ликовна уметност со раководител Бојан Стојковски-Ковски.
Проектот „Творилница“се финансира од Бугарската помош за развој, што се обезбедува од бугарското Министерство за надворешни работи. Преку него деца на возраст од 7 до 18 години имаат можност да ги развијат своите вештини, да го надополнат своето знаење и да ја разбудат креативноста во себе.

Минатиот понеделник Творилница 2 имаше сличен настан во Струмица, со деца од училиштата во градот, а од 2 до 4 јули, проектот се сели во Охрид.
