| |

Номинираниот за амбасадор на САД во Бугарија Даглас Холдер: Бугарија е клучен сојузник за безбедноста во Црноморскиот регион

Номинираниот за амбасадор на САД во Бугарија Даглас Холдер, на сослушувањето пред Комитетот за надворешни односи на американскиот Сенат на 30 септември изјави дека положбата на Бугарија на Црното Море ја прави клучен сојузник за безбедноста во регионот, јавува БТА.

Холдер најави дека, доколку биде потврден, ќе работи со бугарските власти на продлабочување на одбранбената соработка и на исполнување на обврските преземени на самитот на НАТО во Хаг до 2035 година. Тој посочи дека Бугарија во 2025 година издвоила повеќе од два процента од БДП за одбрана.

Како друг приоритет ја наведе економската дипломатија, со фокус на унапредување на трговските врски во енергетиката, вештачката интелигенција и критичните минерални суровини.

Претседателот на САД Доналд Трамп на 1 јуни ја испрати до Сенатот номинацијата на Холдер за вонреден и ополномоштен амбасадор во Бугарија.

Слични Објави