Бугарската национална телевизија со специјална програма за пречекот на посмртните останки на цар Самуил
Бугарската национална телевизија на 3 октомври ќе го пренесува пречекот на посмртните останки на цар Самуил со специјална програма „Цар Самуил: Враќањето“, која ќе го следи патот од Солун до Софија, јавува БНТ.
Програмата ќе почне во 8:00 часот со емисијата „Денот започнува со Георги Љубенов“, по што ќе следува специјално студио со водителката Аделина Радева. Во 12:00 часот од центарот на Софија ќе биде емитувано специјално издание на вестите на Бугарската национална телевизија.
Екипи на БНТ ќе известуваат од клучните места долж маршрутата, а во студиото ќе гостуваат историчари, археолози и новинари. Програмата ќе содржи и документарни снимки и сведоштва за цар Самуил и неговата епоха.

