БИТОЛЧАНКА МОЛИ ЗА ПОМОШ ПОСЛЕ ОПЕРАЦИЈА СО НЕСАКАН ИСХОД: ЖИВОТОТ МИ ВИСИ НА КОНЕЦ ОД ЗАБОРАВЕНА ГАЗА, ЖИВЕАМ СО БОЛКИ, А МЕ БРКААТ ОД БОЛНИЦИ
Tуѓо тело, за кое што битолчанката Виолета Толевска се сомнева дека е заборавена газа од операција што и била направена во 2018 година, кај неа предизвикува неподносливи болки но состојбата сериозно се влошува затоа што почнала да исплукува материјал, во форма на боцки кои исто така излегуваат од нејзината кожа.
Таа моли да се најде лекар во земјава што најпрво ќе ја згрижи, за да закрепне од анемијата, посинувањето на рацете и сите васкуларни компликации што ги има, додека не е предоцна. Животот на Толевска до 3 април 2018 година бил вообичаен. Како самохрана мајка, се грижела за својот опстанок со работа како негувателка во градинка. На лекар отишла зашто чувствувала болки кои што личеле на предменструални болки и имала цистит, меѓутоа лекарите пронашле дистандирано црево, па предложена била хируршка интервенција веднаш. Од тој ден кога се случила операцијата, Толевска тврди дека животот и е пекол, врви низ голгота и се плаши дека за неа нема кој да се заземе.
-Страв ми е дека поради ова, што јавно зборувам, ќе наидам на уште полош третман во здравствениот систем. Неколку дена пред операцијата имав предменструални болки и цистит. Отидов во болницата во Битола со здрав изглед, ама денеска сум пропадната, премногу слаба, имам изгубено на килограми, имам анемија, неподносливи болки. Крвната слика и сите испитувања пред операцијата беа добри, меѓутоа, ми кажаа дека виделе оти имам дистандирано црево и нешто во стомакот како мандарина. Се исплашив, со крстот на чело, легнав, ја прифатив операцијата. Откако заврши операцијата докторот рече дека ми извадил циста од некое од цревата. Меѓутоа, веднаш по операцијата имав големи болки но мислев дека е од резот. Мојата рана на десната страна е толку долга, што е од папокот до едната нога. Не се смируваа болките после операцијата, крварев и анално, и вагинално, толку ми беше страшна состојбата, што бев зелена после операцијата. Крварев, имав покачена температура, но ме отпишаа од болницата, раскажа Толевска за „Слободен печат“.
Целиот напис прочитајте го овде.