Цар Борис III – ги спасил Евреите и не испратил ниту еден војник на Источниот фронт

//

Пишува: Силвиja Авдала* /Труд

Прегледот на Медиумскиот состанок организиран од БТА на тема „Медиумите и спасот“, презентиран во дневниот весник „Труд“, уште еднаш на дневен ред ги става тешкотиите поврзани со дискусијата на темата за спасот на бугарските Евреи. Од една страна претстои годишнина, има иницијативен комитет и буџет, од друга страна – овие прослави закажани според календарот, не измачуваат со едно едноставно прашање гледано во глобала, а имено: „Кој ги спаси Евреите во Бугарија?

Одговорот е толку болен, што за да се избегне, околу годишнините – меѓу 70-тата и 80-тата годишнина, се појавија цели два нови споменици – близнаци (во Софија и во Тел Авив), кои го одбележуваат култниот настан и го прават спасителот анонимен. .

Така, приказната за спасението добива празнична, но во истото време мистериозна и крајно неразбирлива смисла за светот.

За историчарите во Бугарија е јасно дека спасувањето на сите граѓани со еврејско потекло бил долг процес, обележан со бројни вешти државнички одлуки, преговори и дипломатски договори. Тоа секако не е еднократен чин. На споменатата медиумска средба многупати се споменуваше улогата на државата и особено на царот Борис III. Неговите заслуги во заштитата на Евреите од депортација беа признати уште во 1994 година од страна на Еврејскиот национален фонд, Американскиот конгрес на Евреите преживеани од Холокаустот, Американскиот еврејски комитет, Лигата против осквернувањето, Орденот на почесниот легион.

Адолф Ајхман

На царот Борис му беше доделена титулата „морален државник“, а најголемата синагога во Лос Анџелес организираше специјална молитва во негова чест. Меѓу бугарските Евреи во Израел, споровите за заслугите на царот продолжија до 1960-тите, кога за време на судењето на Ајхман беа депонирани првите декласифицирани дипломатски документи од Втората светска војна. „Борис беше херој!“, извикува главниот обвинител во судскиот процес.

Во следното судење за злосторства против човештвото – против германскиот амбасадор во Софија, Адолф Хајнц Бекерле во Франкфурт во 1967 година, одбраната на обвинетиот тврдеше дека постоел „џентлменски договор“ меѓу цар Борис и Бекерле за задржување на бугарските Евреи во царството. Дописникот на „Народен фронт“ од Берлин – Изидор Соломонов, многу штедливо му го пренесува ова искуство на адвокатот, кој јасно го сфаќа, поради достапните документи во случајот, чии се главните заслуги за спасувањето.



Евреите во Бугарија во тоа време се воздржувале од спорови на оваа тема – поради политичката ситуација. Интересно е што и денес Организацијата на Евреите во Бугарија „Шалом“ се воздржува од вакви спорови, таму тврдат дека не им треба историската вистина – имаат готова политичка одлука за тоа кој ги спасил – според нив, тоа е главно народот, некои политичари и јавни личности и Црквата. Некои од претставниците на организацијата се подготвени да ја препознаат улогата на цар Борис, но само како физичко лице. Политичкото решение за историската вистина е чудна формула, но можеби спасува од дискусијата и срамот да се објасни, како владините декрети се потпишуваат во лично име. А спасувањето ќе беше приватна иницијатива ако цар Борис го скриеше во подрумот на палатата „Врана“, само неговиот стоматолог – Евреинот Џераси без да ја откажува депортацијата.

И некако е срамно што речиси 30 години по вашите сограѓани Американци, свесно се воздржувате од историски факти и подигате споменици, според чии плочи спасот е приватна иницијатива на некои претставници на народот. Мислам дека улогата на државата најсмислено се премолчува, за да биде полесно да се обвини за депортацијата на Евреите од Беломорието и Македонија.

Не е случајно тоа, што на секоја официјална церемонија, заедно со спасот, се наметна и практиката да се спомнуваат оние Евреи од таканаречените „нови земји“ кои Бугарија немала можност да ги спаси. Но, тоа важи и за Евреите од секој друг дел на Европа, за кои Бугарија немаше механизам да се грижи. Затоа мислам дека, во врска со иницијативите поврзани со 80-годишнината, би било навистина убаво ако Евреите во Бугарија најдат начин барем во своите молитви да го спомнат тој најдостоен бугарски државник кој не само што ги спасил сите Евреи. на бугарска територија, но и не испратил ниту еден војник на Источниот фронт, со што имал директен придонес за Антихитлеровската коалиција. Токму тоа тој го платил со животот.

* Авторката на написот е историчар и истражувач на темата за спасот на бугарските Eвреи.

Претходна статија

Европратеникот Кристијан Сагарц се сретнал со претставници на бугарската заедница во Северна Македонија

Следна статија

Ти фашист ли си, баj Димитре?*

Најново од Истакнато

Историскиот музеј во Благоевград ќе претстави две монографии, за ВМРО и за улогата на активните жени во бугарските заедници во Македонија и Одринска Тракија

Во Регионалниот историски музеј – Благоевград денеска ќе бидат претставени две монографии на д-р Елена Александрова,