DW: БАЛКАНОТ МАСОВНО СЕ ВООРУЖУВА
Во регионот на Југоисточна Европа се купува оружје како никогаш порано, а во истовреме растат тензиите меѓу различните етникуми, пишува германскиот весник Велт. Со тоа, и политичките конфликти стануваат поопасни.
Велт бележи драматичен раст на вооружувањето во цела источна Европа, и предупредува дека трендот може да биде особено опасен во регионот на Балканот. Весникот го наведува последниот подарок од Русија за Србија: 30 модернизирани тенкови од типот Т-72 и 30 оклопни возила; како уште еден во низата примери за овој тренд кој започнува од Полска на север, па сѐ до Албанија.
„Особено новите членки на ЕУ, од Полска преку Унгарија до Бугарија, забрзано го модернизираат својот очајно застарен арсенал од советско време. Сите земји во регионот имаат програми за вооружување кои траат до 2026 или 2030 година. Тие се истовремено и членки на НАТО, а новото оружје го купуваат вешто балансирајќи меѓу САД и ЕУ.
Целиот напис прочитајте го овде.
Извор: Deutsche Welle

